Војната не може да ја убие културата – украински уметници на „Охридско лето“

Руската агресија врз Украина го уништува културното наследство, но секој има свое оружје со кое ја брани татковината. Во оваа војна веќе не се поставува прашање дали има место за културата, бидејќи ова е борба токму за нашата украинска култура-уметниците од Киевскиот  музички и драмски театар „ Саксагански“ кои настапија на Охридско лето, проговорија низ што поминуваат во овие речиси 6 месеци колку што трае војната.

„Театарските работници во последните четири месеци имаат собрано над 40 тони хуманитарна помош за потребите на погодените градови. Актерите доаѓајки секој ден во театар не излегуваа на сцена, не ги читаа улогите,не пробуваат нова сценска облека за идните премиери, туку собираат хуманитарна помош, прехранбени производи,сретства за хигиена, приоритетни потреби за линијата на фронтот за војската“ – вели Виталиј Томњук- раководител на одделение за култура.

Актерите од Украина кои на фестивалот дојдоа  без нивниот директор, кој од првите денови на војната се приклучил на украинските вооружени сили,раскажуваат како  живеат и работат во овие за нив тешки моменти.

Театрите во Украина, во поголемите градови сите работат со вообичаен ритам. Под  услов дека мора да поседуваат и скривници. Кога има повик за воздушна тревога, задолжително гледачите се спуштаат во скривници, а кога завршува тој сигнал за тревога, ние продолжуваме да ја играме претставата. Поради ситуацијата се губи малку магијата на театарот“ – вели Владислав Красиков, актер од Украина.

На украинските актери ова им е прв настап од почетокот на руската агрсија на Украина.Но токму поради воениот конфликт годинава за прв пат на Охридско лето нема руски уметници кои секогаш доминирале на најреномираната македонска музучко сценска манифестација.

Секако дека тоа е причината, не би сакала да говорам околу тоа, бидејќи не сум политичар и не сум личност што е повикана за тоа.Точно е дека руските уметници фалат, но сигурно е дека ќе бидат повторно назад во програмата во подобри времиња“ – вели Наташа Поповиќ – директор на Охридско лето.

Програмата се конципира  една година однапред,имаше руски уметници во програмата,но поради целата ситуација, требаше да се направи баланс,да се изостават-вели директорката на Охридско лето.

Росица Голабоска