Воспитувачките во градинките ќе добијат намалени плати, ама се прави напор сумата да им биде рефундирана

Воспитувачките и негувателките во градинките ќе добијат намалени плати за април поради генералниот штрајк, а скратените пари дополнително ќе им бидат рефундирани наредниот период. Ова е епилогот по тричасовната средба меѓу СОНК и министерката за труд и социјала. И двете страни уверуваат дека вработените од претшколска возраст нема да бидат оштетни.

  • Страните разговараа и за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со јуни. Новиот колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување. На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договори следна средба на 17 мај со цел изнаоѓање решенија во рамки на позитивните законски прописи, соопшти министерката за труд и социјална политка.

Прашањето за исплата на плати за предучилишните установи ќе се регулира во новиот колективен договор за кој што СОНК и МТСП веќе во вторник ќе формираат работни групи. Новиот Колективен договор кој завршува во јуни, треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување.

  • Имавме средба, преговаравме буквално за сите прашања, усогласивме генерално некои ставови во однос на колективните договори и што се ќе има внатре, меѓутоа не се до крај прецизирани. Треба да бидат потпишани во периодот од 1 до 31 септември. Има некои технички проблеми поради кои мора да започне учебната година за да се реализираат тие одредби од колективниот. Околу зголемување на платите имаше дополнително некои наши предлози како и во кој процент да се зголемат платите. Сепак повторно се обраќаме до Министерство за финансии за анализа и проверка колку средства ќе бидат потребни и конечно околу нова методологија за изработка на плати во која ќе бидат вградени коефициенти на инфлација, пораст на минимална палта, итн. Приближно тоа се точките за кои разговараме, мора веќе да завршиме наредната недела каде јавноста ќе биде запознаена, изјави Неделков.

Иако власта и СОНК се се поблиску до договор, конечниот збор ќе го каже министерот за образование в петок, кога ќе се знае дали наставниците ќе добијат 18% зголемување. Од професорската фела не се оптимисти.

  • Дај боже да се случи чудо и да има добри вести, иако како што велам, власта веќе ги изигра наставниците. Јас јавно ќе се извинам ако наставниците добијат 18% раст на платите, но мислам дека нема за сега да дојде до тоа. Морам да кажам дека угледот на професијата просветари е нарушен, вели меѓу другото за Алфа професорката Весна Јаневска.

Штрајкот на просфетарите беше ставен во мирување откако две недели немаше настава. Сега штрајкот е во мирување се до изнаоѓање решение. Инаку, Владата одлучи – средношколците наставата да ја завршат на 10 јуни.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести