Вооружен грабеж во скопски Сарај

Претпладнево околу 10:40 часотвооружени со автоматски пушки ограбиле експозитура на Тутунска Банка во скопски Сарај.  Според информациите на Алфа, четворица разбојници со оружјето влегле во банката и под закана дека ќе ги убијат сите ги собрале парите, по што избегале со џип.

Неофицијално станува збор за украдени неколку десетици илјади евра. Полицијата на неколку локации низ Скопје врши претрес на возила и ги бара разбојниците.