Волк на човека куче му е

Работници од Естонија сериозно се ангажирале за да спасат куче кое заглавило во една замрзната река, но откако го извлекле сфатиле дека не се работи за најдобриот пријател на човекот, туку за најлошиот пријател на овците, пренесува Би Би Си.

Штом го здогледале во реката, го расчистиле мразот, несреќното животно го извлекле надвор и со автомобил го пренеле на ветеринар кој им ја соопштил веста дека не се работи за куче, туку за – волк.

Естонските „анима мунди“ (ЕУПА) откриле дека волкот поради несреќата имал многу низок крвен притисок, поради што бил исклучително мирен во текот на целата спасувачка операција.

„Моравме да го носиме, не беше баш лесен. Во автомобилот беше мирен. Ми спиеше на нозете. Кога се протегнав, во еден момент ја подигна главата“, вели Рандо Картсеп, еден од работниците кои го спасиле волкот, за естонските медиуми.

Ветеринарите не биле стопосто убедени за какво животно се работи, но еден локален ловец кој бил присутен покрај нив им потврдил дека се работи за младенче од волци старо околу година дена. После ова сознание, ветеринарите после лекувањето одлучиле волкот да го стават во кафез, во случај да не биде толку мирен откако ќе се опорави.

После опоравувањето, волчето со ГПС нараквица бил пуштен назад во дивината.

„Пресреќни сме како заврши се“, велат од ЕУПА, организацијата која го платила лекувањето на животното. „Сакаме да им се заблагодариме на сите кои помогнаа, на луѓето кои го спасија и на ветеринарите кои не се исплашија да негуваат диво животно“.