Возило удри во бетонски столб, меѓу повредените има и седумгодишно дете

На 28.08.2020 во 19,10 часот било пријавено дека во Штип, на ул.„Брегалничка“ патничко моторно возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки управувано од З.Х.(48) од Штип удрило во бетонски столб. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Џ.Х.(40) и уште еден сопатник на седумгодишна возраст, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип.