Возач на „Ауди“ усмрти велосипедист во гостиварско

На 29.08.2020 во 20,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар -с.Чегране, патот за с.Старо Чајле, патничко моторно возило “ауди“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од И.Ј.(23) од с.Форино удрило во велосипед управуван од О.О.(72) од с.Чајле. Во незгодата со повреди се здобил велосипедистот констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, по што бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје каде починал. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.