Возачот на автобусот во стабилна состојба, се очекува да даде клучни информации

Возачот на автобусот кој синоќа се преврти во Гостиварско, е во свесна и стабилна состојба. Тој уште вчера е пуштен на домашно лекување и се очекува да даде клучни информации во врска со несреќата. Истовремено, се комплетираат информации од увидот кој веќе заврши на местото на несреќата за подробно сознание околу причините за страшната трагедија.

Според министерот за здравство Венко Филипче, загинале 14 лица, сите од Гостивар. Дваесет и девет повредени лица се наоѓаат во градската општа болница во Скопје, шестмина се задржани во Клиничкиот центар, додека двајца повредени се наоѓаат во тетовската болница.