Водениот сообраќај во Охридското езеро е крајно небезбеден
Водениот сообраќај во Охридското езеро е крајно небезбеден со преголемиот број пловила кои секојдневно крстосуваат, управува кој ќе стигне.Непочитувајќи ги пловните патишта влегуваат во капалиштата натоварени со туристи,загрозувајќи ја безбедноста на капачите. Нуркачот Никола Паскали кој е и подводен археолог, сведочи дека ова лето за малку не настрадал додека нуркал.Живееме вели тој во една хаотична и небезбедна средина кога е во прашање водениот соообраќај.
“Единствената градска плажа во стариот дел на градот сакаме да ја претвориме во пристаниште.Таму ни пристапуваа кајчиња и катамарани во зона на капачи.Повеќе од 50 % од плажите се необележани,луѓето кои возат пловни објекти се не едуцирани,не знаат што е нуркачка бова, не знаат на колку метри од брегот треба да глисираат.Само чекаме момент да се деси некој страшен инцидент и после да ги видиме нашите експерти и директори како ги решаваат нашите проблеми”-вели Паскали
Од друга страна и сопствениците на пловни објекти се жалат бидејќи нема каде да пристанат,пристаништето кое е изградено пред 87 години, нема капацитет за сите пловила.
“Значи никој ништо не превзеде воопшто за Охрид, нити за езерото, нити за марината, нити за нас овде кои што ни наплаќаат огромни суми на пари за паркинг во каналот.Значи буквално ништо, се снаоѓаме како што знаеме и умееме под разни притисоци или разни уценувања”-вели капетанот Зоран Ангелоски.
Децениски проблем е и изградбата на марина.Агенцијата за просторно планирање никако да го изготви планот за охридското крајбрежје.
“Некако се што се однесува на Охрид е закочено,во некоја институција заглавено и некако не можеме да го видиме светлото на крајот на тунелот и за мене тоа претставува реално огромен проблем.Покрај отстранувањето од каналот на пловните објекти, што е од суштинско значење, дефинитивно многу побитна е пренатрупаноста, бројката на пловни објекти и трето што мора се решава со Капетанија и транспорт и врски, колку и какви пловила ќе можат да проват во Охридското езеро”-вели градоначалникот Пецаков
До сега се спомнуваа неколку локации за изградба на марина,но под притисок на Унеско пропаѓаат плановите на надлежните институции овој инфраструктурен објект да се гради кај каналот Студенчишта во зона на заштитено подрачје.
Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски