Водена бура во Италија – една жена загина, авион оштетен од град принудно слетал во Рим

Откорнати дрва, колапс на сообраќајот, оштетен патнички авион – во силното невреме кое ја зафати Италија има и жртва. Како што објави весникот „Кориере дела сера“, жртвата е 58- годишна жена која загинала откако врз неа паднало дрво. Најпогодена била областа Ломбардија, а на телефоните на регионалната противпожарна служба во Милано примиле повеќе од 100 повици од вознемирени граѓани кои пријавиле дека налетите на ветерот кршеле и корнеле дрвја.Италијанските медиуми пишуваат и дека авион кој попладнево полетал од Милано принудно слетал во Рим откако бил оштетен од силните врнежи со град.Веста беше потврдена и од американската компанија „Делта еарлајнс“, без да прецизираат колкави се штетите. Според авиокомпанијата, авионот слетал безбедно, а патниците нормално се симнале.

Попладнево беше издадено предупредување , највисок аларм за тревога во северните делови на Италија, поголемиот дел од Словенија и Австрија и западниот дел од Унгарија.

Невремето беше проследено со силен ветер и грмежи со пороен дожд и град, а според прогнозите очекуваи беа бури со разорен град, ветрови со урагански сили со брзина од 120 километри на час и силни грмежи.

И во Хрватска повторно се очекува невреме, каде ДХМЗ издаде портокалов метеоаларм.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста