Водата од чешмите на Пелистер, е бактериолошки неисправна

Центарот за јавно здравје Битола редовно го следи квалитетот и безбедноста на водата за пиење од планинските чешми во склоп на Националниот парк Пелистер, како и од чешмите од потпелистерските села Трново и Магарево.
Па така, при извршената микробиолошка и хемиска анализа и врз основа на добиените резултати од испитувањата може да се утврди дека во 100 проценти од испитаните примероци, водата од чешмите на Пелистер е бактериолошки неисправна.
Анализата е програмска активност којашто Центарот за јавно здравје Битола ја реализира согласно националната годишна програма за јавно здравје што е финансирана од Министерството за здравство и врз основа на таа програма, се дефинираат активности што ги реализираат во тековната година.Според д-р Богоевска причината за ваквиот висок процент на бактериолошка неисправност на водата од планинските чешми се должи пред сè на дотраеноста и неодржувањето на каптажите на чешмите, потребно е неколку пати во годината да се врши механичко чистење на самите чешми, како и санирање на дефектите на чешмите.