Водата во Скопје безбедна за пиење
Примероци од вода, земени на 48 мерни места во Скопје, одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, соопштувајќи ги резултатите од неделниот извештај за анализа на водата за пиење.
Од 17 до 21 јули биле земени 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во градот Скопје.
Анализите, како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ги направи Секторот за санитарна контрола – прва лабораторија во државата акредитирана според стандардот ИСО17025:2018.
КАТЕГОРИИ Скопје