Внукот на Ахмети, кој што ја купи соравиа, има добиено концесија од ЕСМ за ископ, Ковачевски не сакал да зборува за туѓи внуци

Не ме прашувајте за внуци на друг политичар , прашајте ме за моите внуци – ова е одговорот на Премиерот Ковачевски за случајот со внукот на Али Ахмети кој го купи екслузивниот Трговски центар во Скопје, „Соравиа“ . Опозицијата побара од Ковачевски да се расчисти овој случај и да се провери од каде се парите, ама Премиерот се огради од прашањата. Тој не одговори дали разговарал со Али Ахмети за последните случувања .

„Ме прашувате за внуци на друг политичар, за внуците на тој политичар, ќе го прашате тој политичар. Мене можете да ме прашате за моите внуци“, рече Ковачевски

Не само што купил Трговски Центар во вредност од 30 милиони евра, туку внукот на Али Ахмети добил и концесија од државната ЕСМ за
ископ на варовник во вредност од 3 милиони и 600 илјади денари, обелодениа од ВМРО – ДПМНЕ. Пратеникот Драган Ковачки, објави договор помеѓу државните електрани и фирмата на Дрин Ахмети во кој стои дека истата фирма имала концесија уште од претходната влада на СДСМ и ДУИ.

Договорот се однесува на купопродажба на варовник од страна на ЕСМ и изнесува околу 3.600.000 денари. Значи станува збор за фирма која што е од кланот на Ахмети и која што склучува договор со државната ЕСМ, значи ги троши народните пари. Симптоматично е што до нас стигна информација дека оваа фирма има само еден вработен. И сега доколку е тоа така како тогаш може тој еден вработен да подготви и апликација за тендерска документација, како може да ги врши ископи итн. Значи прилично сериозен случај како овој со купувањето на Соравиа и за кои што треба да се заинтересираа институциите – изјави Ковачки.

Во меѓувреме, петти ден не стивнуваат реакциите за ставањето на струшкиот градоначалник на црна листа на САД. За некој ден , Владата ќе се обиде да ја затвори темата , бидејќи црната листа за СДСМ и ДУИ не значи ништо, предупреди пратеничката Ели Панова . Како за случајот Ахмети, така и за случајот Мерко, Премиерот се огради од коментари – топката ја префрли во обвинителството и судовите.

„За функционери кои се на црната листа на македонскиот народ, ваквата листа на Соединетите Американски Држави не значи ништо и веројатно ќе се обидат за неколку дена да ја затворат оваа тема, како што ги затвараат сите други теми кои што се поврзани со висок криминал и корупција, кој што всушност се случува во редовите на ДУИ и СДСМ. Но, она кое што во суштина би требало да значи една ваква црна листа на САД на една влада која што има искрени аспирации ко Европската Унија, е нешто сосема друго. Веројатно тоа би значело дека е дадена една голема задача на правосудниот систем во Република Македонија кој што всушност конечно мора да отпочне да функционира без двојни стандарди“ , рече Панова

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко стана непожелна личност во САД . Откако Стејт Департментот го запиша на „ црна листа, јавноста не слушна никаков коментар од Мерко. Тој два дена претходно побарал да му биде замрзнато членството во ДУИ, а партијата тоа го одобрила.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста