Внимавајте на вашето здравје: Сè повеќе жени помлади од 50 години заболуваат од Паркинсонова болест

Можеби мислевте дека само повозрасните луѓе се во опасност да заболат од невролошки заболувања. Меѓутоа, статистиките докажуваат дека се’ поголем број меѓу заболените се жени помлади од 50 години.

За среќа, со промена на неколку едноставни мерки за заштита можете да ја спречите појавата на оваа болест.

Пијте кафе! Лицата што пијат по едно кафе дневно, поретко заболуваат од Паркинсовата болест од оние што само понекогаш пијат.

Јадете добри масти! Исхраната богата со полинезаситени и мононезаситени масни киселини – се наоѓаат во риба и маслиновото масло, се редуцира ризикот од заболување за 30%.

Бидете физички активни! Американски истражувачи неодамна открија дека лицата што се занимаваат со умерена физичка активност (пливање, трчање) имаат 40% помалку шанси да заболат од Паркинсовата болест од оние што е пасивни на тој план. Затоа, право во фитнес-центар.