Внимавајте како го чувате и приготвувате пилешкото, може да биде опасно по вашето здравје!

Ако сте од оние кои го оставаат во вода, би требало веднаш да престанете со таа пракса. Здравствените експерти предупредуваат дека со миењето на пилешкото месо, се шири потенцијално опасна бактерија, една од главните причини за труење со храна.

Станува збор за бактерија од семејството „Campylobacter“. Овој вид на бактерии најчесто може да се наоѓа во месото, која во текот на обработката била контаминирана, и тоа воглавно од животински измет. Ако контаминираното пилешко го измиете, бактериите ќе се рашират каде и да капне оваа вода, истакнуваат здравствените експерти. На тој начин бактериите се шират од месото на рацете, работните површини, кујнски крпи, облека и прибор за готвење.
Центрите за контрола на болести и превенција на болести во Америка навеле низа чекори кои можат да ја елиминираат можноста за труење со храна кога готвите дома. Еве кој се тие…

“Кокошката е добар и здрав избор, но пилешкото често знае да биде контаминирано со бактерии од родот Campylobacter, а понекогаш и бактериите Salmonella и Clostridium perfringens. Ако јадете недоволно зготвено пилешко или некоја друга храна заразена со бактерии од живина и нејзините сокови, може да се отруете со храна”, се истакнува во нивното соопштение.

Пилешкото би требало да се стави во кеса за еднократна употреба пред да го ставите во фрижидер. Рацете треба добро да ги измиете по ракување со неа, а би било добро да користите посебна даска за сечење. Важно е останатата храна или свежите производи да не ги ставате на иста површина заедно со пилешкото!

Труење со храна може да биде непријатно искуство за секој, но во ризичната група спаѓаат деца помлади од пет години, луѓето постари од 65 години и оние со ослабен имунитет, како и бремените жени.

Во случај на труење со храна, експертите препорачуваат посета на лекар ако имате покачена температура, дијареа која трае повеќе од три дена, ако повраќате, знаци на дехидратација…