ВМРО ДПМНЕ: Народот во петок уште еднаш ќе се увери, власта цело време манипулираше, уставни измени нема да има!

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека измени на Уставот под бугарски диктат не се можни.И нема да ги поддржат на претстојната пленарна седница на 18 август каде што ќе се дебатира за вметнување на Бугарите во Преамбулата.

„Оваа седница ќе биде добра можност да се увери целокупната јавност дека власта цела една година лаже, манипулира и сее магла околу уставните измени и дека не се ни блиску до уставни измени,“ – изјави Мицевски.

Мицевски очекува да биде ставен предлогот на гласање за конечно да се види дали СДСМ и ДУИ имаат гласови од 80 пратеници потребни за отворање на Уставот. Тој тврди дека нема притисоци врз пратениците за да се согласат на уставни измени.

„Она што до мене е стигнато како координатор на пратеничка група е дека нема никакви притисоци, туку само поддршка од граѓаните и народот кои што секојдневно на улица ни пристапуваат и бараат да истраеме на она на кое што граѓаните во Република Македонија го сакаат а е дијаметрално спротивно од барањата на владејачкото мнозинство“ изјави Мицевски.

И покрај тоа што нема двотретинско мнозинство, Џафери во понеделникот најави дека не се откажува – собраниската седница за уставните измени дефинитивно е закажана за 18 август, односно за в петок. Како што налага Деловникот за работа, сите 120 народни избраници најпрво треба да се изјаснат за предложениот дневен ред, кој се носи со 61 глас ЗА. Потоа Џафери отвора претрес односно дебата која може да трае до десет дена. Во овој период пратениците имаат право да излезат на говорница и да говорат по 20 минути, а координаторите по 30 минути. Истото можат да го прават и по повеќе пати во текот на десетте дена. Потребата и отворањето на Уставот за измени се носи со двотретинско мнозинство, односно за тоа треба да гласаат 80 пратеници, ви спротивно постапката не може да продолжи. Пресметките на власта се дека им недостасуваат 8 пратеници, но според шпекулациите гласот за уставните амандмани нема да дадат некои пратеници и од владејчкото мнозинство. А додека го нема 2/3 мнозинство спикерот најави дека точката нема да се најде на гласање.

Ања Лукарова

Advertisements