ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори постапка за очигледната корупција на Груби
Јавното обвинителство да не молчи и да отвори постапка за корупцијата на Артан Груби, бараат од ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата опозициска партија реагира дека Артан Груби го добива „Аудито“ 8 дена откако фирмата која му го дава купува хотел на Шапка по багателна цена. Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека изговорите на Груби дека Аудито му било дадено на услуга се смешни.
„Нема човек што верува дека некој би купил возило од 80.000 евра и би му го дал на користење на Груби, само затоа што му е пријател. Која е економската логика на тој што го купува возилото? Дали можеби ќарот е во против услуга од страна на Груби и во што се состои таа“? реагираат од ВМРО-ДПМНЕ и предупредуваат дека Груби ја навредува интелегенцијата на граѓаните, но и се подбива со институциите како ЈО кои не смеат да му отворат истрага.
„Очевиден е сомнежот за корупција особено кога се знае дека фирмата која го купува Аудито 8 дена пред да му го даде на Груби го купува хотелот на една градежна компанија на Шапка за 55.000 евра, по што истата таа градежна компанија добива милионски тендер од државата“, реагира опозициската партија.
ЈО не смее да молчи за очигледната корупција на Груби, која и деца од шкоска возраст можат да ја препознаат.