ВМРО – ДПМНЕ тврди дека Арсовска го потпишала договорот за пречистителната станица и бара извинување

ВМРО-ДПМНЕ објави дека градоначалничката, Данела Арсовска го потпишала договорот за пречистителната станица на Град Скопје, кој беше причина за нејзиното раскинување на коалицијата со најголемата опозициска партија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со ставањето на потпис на договорот, Арсовска стави потпис на признанието дека лажела, манипулирала и лажно обвинувала.

„Вчера Данела Арсовска го потпишала договорот за пречистителната станица на Град Скопје, истиот тој поради кој што го разреши директорот Перински и заради кој што грлато го напаѓаше и фрлаше клевети врз ВМРО-ДПМНЕ.

Со ставањето на потпис на договорот за пречистителна станица, Данела Арсовска стави потпис на признанието дека лажела, манипулирала, лажно обвинувала и дека со лаги се обиде да изманипулира процес за најголемиот и најскап проект за Скопје.

Потсетуваме се работи за истиот договор со Европската инвестициска банка, за проект во којшто потпретседателката на Банката ја демантираше Арсовска со што ги извади лагите на површина“ – вели портпаролот Наум Стоилковски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста