ВМРО-ДПМНЕ со кадровски промени и доекипирање – процесот ќе продолжи

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа имаше редовна седница на која се дискутираше на повеќе теми, со акцент на актуелната политичка состојба. Беше констатирано дека Владата која ја изгласаа СДСМ и ДУИ е со стари и истрошени кадри, кои во Македонија донесоа само криминал, корупција и рекет. Состојбата со економијата и растечката сиромаштија е се позагрижувачка, има одлив на странски инвестиции наместо привлекување и зголемување на невработеноста за нови 40 илјади, информираат од партијата.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение:

Владата на СДСМ е влада која е регресивна и не може да ја води државата.

Беа донесени и повеќе кадровски одлуки.

Извршниот комитет го избра Сергеј Попов за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Попов е од Скопје, апсолвент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје и е досегашен претседател на градскиот комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ.

На седницата на Извршниот комитет беше донесена одлука за избор на претседатели на општински комитети во изборните единици 1, 2 и 3.

– Иван Живковски – ОК Кисела Вода;

– Дејан Митески – ОК Аеродром

– Тони Јаревски – ОК Карпош

– Гане Петров – ОК Центар

– Жарко Ристески – ОК Македонски Брод

– Јане Мицевски – ОК Сопиште

– Кенан Абди – ОК Студеничани

– Мартин Стојановски – ОК Сарај

– Бобан Стефковски – ОК Гази Баба

– Бојан Стојаноски – ОК Ѓорче Петров

– Ѓоко Велковски – ОК Чаир

– Дарко Костовски – ОК Бутел

– Зоран Бајовски – ОК Чучер Сандево

– Ерџан Демир – ОК Шуто Оризари

– Александар Ѓорѓиевски – ОК Илинден

– Марија Петрушевска – ОК Петровец

– Коста Маневски – ОК Зелениково

– Зоран Здравевски – ОК Чашка

– Дејан Владев – ОК Свети Николе

– Иван Јорданов – ОК Штип

– Виктор Паунов – ОК Карбинци

– Далибор Ангелов – ОК Чешиново Облешево

– Борчо Коцев – ОК Зрновци

– Митко Костадиновски – ОК Виница

– Димче Атанасовски – ОК Македонска Каменица

– Бошко Цветковски ОК Лозово

-Киро Нацков ОК Градско

Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ за Координатор на пратеничката група го избра Никола Мицевски, а за негови заменици ги именува пратеничките Дафина Стојаноска и Ели Панова

Донесена е одлука и за распишување на оглас за избор на претседател на УЖ НА ВМРО-ДПМНЕ, преку јавен повик кој ќе трае две недели.

Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ ќе го раководи Луке Галески.

Процесот на кадровски смени и доекипирање ќе продолжи во следниот период.

Поврзани вести