ВМРО-ДПМНЕ: Се шири треска која ја пренесуваат крлежи, надлежните се одмораат, човечкиот живот за нив не вреди
Почина лице од конго кримска хемогарична треска и вообичаена реакција од надлежните се е под контрола. Се зарази вработена на Инфективната клиника. И повторно се е под контрола. Или 40 лица се под здравствен надзор кои имале контакт со заразената. И се така во круг, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив здравствените власти евентуално го вклучуваат алармот само ако има починато лице.
„Срамно. Секојдневно сме сведоци само на лаги. Зошто? Затоа што информациите велат дека сите кои биле во контакт со вработената на Инфективна клиника одат на работа. Комисијата за интра хоспитални инфекции на Клиниката е на одмор, на Клиниката нема директор, никој не знае каде е. Државниот санитарен и здравствен инспекторат едвај покажува знаци на живот. Заклучок. Вообичаено ништо не функционира, Владата на ДУИ и СДС реагира само на местење тендери, за крадење на народот, длабоко е во корупција и криминал. Човечкиот живот за нив не вреди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што додаваат ова може да го сопрат само граѓаните и само избори се спас.