ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не реализира ниту една реформа изминативе две години

СДСМ и Заев не реализираа ниту една реформа изминативе две години. Две години државата тоне во корупција, економијата стагнира, капитални инвестиции нема, здравството пропаѓа, а образованието е на колена.

Две години се реализира општ грабеж во сите сфери со апсурдно оправдување дека дури и најнискиот функционер на СДСМ бил фокусиран на преговорите со Грција.

Со влегување во кампања за избор на Претседател на Република Македонија, нема да функционира Собранието, а партиите ќе се фокусираат на промоцијата на кандидатите.

Затоа, апсурдно е оправдувањето на Заев дека не треба да се оди и на предвремени парламентарни избори заради наводни реформи.

Замерки од нашите меѓународни партнери може да има само доколку Заев се обиде да направи уште еден изборен фалсификат како кражбата на референдумските гласови.

Вистината е дека СДСМ и Зоран Заев се плашат од граѓаните и бегаат од избори затоа што знаат дека ќе изгубат. Власта се плаши од граѓаните затоа што донесе противуставен закон за двојазичност и спротивно на волјата на граѓаните го промени името на државата.

Зоран Заев десетина дена избега на луксузно зимување во Германија за да не распише избори. Сега откако се врати на сите можни начини бега од избори.

Република Македонија со СДСМ на власт веќе две години е на дното. СДСМ се што вети излажа.

Ветуваа почист воздух и решавање на проблемот со загадувањето, а сега две години откако се на власт немаат преземено ниту една мерка, а граѓаните се гушат во најзагаден воздух, кој на денови на одредени места е загаден и до 30 пати повеќе од дозволеното.

Економијата уште од самото доаѓање на оваа власт е клекната на колена, нема раст, нема нови вработувања, само стагнација.

Образованието тоне, а квалитетот е се послаб. Оваа власт ветуваше инвестиции во образованието, подобар студентски стандард и поквалитетни услови за студирање. Ништо од тоа сега не е случај.

Земјоделието е во хаос, годината што помине ќе остане запаметена како најлошата година за земјоделците од независноста до сега, немаше земјоделска култура за која имаше нормален откуп, а онаму каде што ги имаше цените не беа доволни ниту за задоволување на основните производствени потреби.

СДСМ ја фрли државата во црнила. СДСМ мора да си замине. Република Македонија не смее да продолжи да тоне. Граѓаните заслужуваат подобра иднина.