ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ врши политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев и Оливер Спасовски знаеја дека Никола Груевски не е во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, но одлучија да претресуваат и заплашуваат партиски членови и активисти.

СДСМ врши политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотребата на наредбата за потрага по Никола Груевски за опсада на штабот на партијата е одраз на црни и недемократски методи несвојствени за Европа и цивилизираниот свет.

Власта со злоупотреба на органите на прогонот сака да ги заплаши сите слободомислечки граѓани.

Органите на прогонот повеќе од година дена не можат да го пронајдат убиецот на младиот Мартин Јанушев, додека убиецот на младиот Саздо е исто така сеуште не е пронајден. Нема ни трага ни глас од убијците на „Рузвелтова“. Не може ни да има бидејќи Спасовски е зафатен со крими афери од типот „набавки на шкоди кои чинат 15.000 евра за 25.000 евра“ и доделување на лиценците за милионски бизниси поврзани со испитните центри на момчиња кои ден претходно оснивале фирма.

Вкупно 9 нерасчистени убиства веќе година ипол се неразјаснети, а властите не придвижија ниту една десетина од полициските сили кои беа злоупотребени за опсада на штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Година ипол правосудните органи немаат преземено ниту едно дејствие против сомнежите за криминал на високите претставници на власта.

СДСМ го има преземено целиот правосуден систем во државата вклучително и органите на прогон и истите работат како алатка за пресметка со политичките неистомисленици. Оваа безредие и правен хаос мора да запре. Владеењето на правото мора повторно да стане пракса, а не исклучок.

Насилниците врз законите и врз граѓаните ќе одговараат за сите против законски дејствија кои ги преземаат со враќањето на правната држава и демократијата во Република Македонија.