});

ВМРО-ДПМНЕ: Прогресивниот данок е избрзана и необмислена мерка

Владата на СДСМ повторно удира по џебот на граѓаните.

Прогресивниот данок кој го наметнува однародената и криминална власт, негативно влијае врз бизнисот и отворањето на нови работни места, го дестимулира развојот и ќе придонесе за засилена даночна евазија.

Воведувањето на прогресивниот данок е удар и врз сите млади и талентирани претприемачи кои со својот ум и труд заработуваат.

СДСМ и аболицираниот Заев со својата безидејна економска политика ги осиромашува граѓаните и државата.

Дека е лоша политиката на Тевдовски и аболицираниот Заев и дека владата на СДСМ не работи во интерес ниту на граѓаните, ниту на бизнис секторот покажува и начинот на носење на прогресивниот данок преку ноќ без консултација од страна на бизнис секторот, со целосно игнорирање на нивните барања.

СДСМ нема намера да прекине со лошите економски политики.

Воведувањето на прогресивниот данок е избрзана и необмислена мерка и ќе предизвика повеќе зијан отколку ќар.

Единствениот политичар аболициран за тежок криминал и неговиот послушник Тевдовски создаваат апатија во економијата.

Заев и Тевдовски работат на грабеж на народот и економска пропаст на Република Македонија.

Владата на СДСМ не смее да се однесува како што сака и директно да ги ограбува и осиромашува граѓаните.

Првиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи Владата На Република Македонија ќе го врати рамниот данок кој е поттик за директните инвестиции кои резултираат со отворање на нови работни меса.

Со СДСМ на власт граѓаните и државата губат. Најмалку што можат да направат Заев и Тевдовски во овој момент е да си поднесат оставка.

За Македонија да тргне напред, СДСМ, Заев и Тевдовски мора веднаш да си заминат.