ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на Македонски национален совет против корупција

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нов предлог-закон за контрола на јавните набавки и корупциските афери – предлагаат формирање на Македонски национален совет за политика за борба против корупција. Советот би имал советодавни, координативни и контролни функции во однос на антикoрупциските политики. Пратеничката Ане Лашоска за Алфа вели дека предвидено е со Советот да раководи Народниот правобранител. Oчекуваат нивниот предлог да добие поддршка и од владејачкото мнозинство.

Од март годинава по колективните оставки на членовите на Антикорупциска оваа институција функционира само на хартија. Ден по референдумот беше распишан и оглас за избор на нов состав на Комисијата, на кој како што дознава Алфа се пријавиле 39 лица. Вчера и собраниската комисија ја почна дебатата за новите членови, за кои опозицијата реагира дека воопшто не се компетентни за функцијата.

Во Парламентот не помина ниту иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ со која бараа формирање на анкета комисија која требаше да ги разоткрие сите скандали поврзани со референдумот, па со тоа уште еден обид за откривање на аферите поврзани со корупција, остана заглавен во фиока.

На 3 мај и ГРЕКО во последниот извештај наведува дека Македонија е една од четирите земји во Европа со најголем број неспроведени препораки, дури шест, за спречување корупција кај пратениците, судиите и обвинителите. Но она што посебно алармира е фактот што таква организација при Советот на Европа забележува дека земјава е единствената земја без ниту една спроведена препорака, па ја става Македонија на исто рамниште со Албанија.

Ивана Соколовиќ Најдова