ВМРО-ДПМНЕ: Очајниот Ковачевски е декласиран од народот и му е страв од избори

Со СДС и ДУИ граѓаните 7 години живеат во криминал, корупција, беда и сиромаштија. Македонија тоне 7 години со СДС и ДУИ, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски е само поставен за спроведување на бизнис интересите на ДУИ и СДС, крадење и опустошување на државата и граѓаните. Ковачевски е декласиран и не може веќе да биде премиер. Ковачевски не е избран од граѓаните. Поставениот премиер Ковачевски нема повеќе легитимитет и веднаш треба да си поднесе оставка. Во отсуство на реформи и проекти, единстврно што нуде Ковачевски се уставни измени под бугарски диктат, кои ниту граѓаните, а ниту пак ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа. Има целосен колапс на системот, хаос се случува во секој сектор. На Македонија и треба целосен рестарт после Ковачевски и СДС. Бегањето од избори само покажува дека СДС и Ковачевски се очајни и свесни дека ќе доживеат дебакл и пораз, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

За криминалот и пустошот Ковачевски мора да одговара. Доаѓа време на промени! Порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста