ВМРО-ДПМНЕ осудува партиски реваншизам спроведуван од власта

Во однос на најновите пишувања на партиски реваншизам во македонски Телеком ВМРО-ДПМНЕ го истакнува следното:

Oсудувамe секаков случај на реваншизам на партиска основа потикнуван и спроведуван од власта предводена на Зоран Заев.

Таквата политика на поделби, сегрегација го нарушува човечкото достоинство и создава внатрешни конфликти.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека партискиот реваншизам е во целосно спротивност со европските критериуми и преставува загрозување на принципите на професионалност во работењето на било кој субјект и е загрозување на европската иднина на државата.

Воедно дополнителната политизација и реваншизам се користи како димна завеса да се порикријат други сомнителни активности кои говорат за нетранспарентно и незаконито работење на институциите на власта.

На крајот, прашање е на време кога ќе следи одговорност за кршење на процедурите и правилата и повреда на работните и основни човекови права.