ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Зарко Милошевски е унапреден и наградрен од Ковачевски и Зечевиќ во директор на АНБ

Зарко Милошевски, е истурен играч на Виктор Димовски и Миле Зечевиќ. Тој е вработен во АНБ – 7 години и сите унапредувања ги добил во време на Зечевиќ,  обвинува опозицијата. Милошевски според пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ е вмешан во сите афери со издавањето нелегални македонски државјанства меѓу кои и она на Онишченко.  

  • Милошевски е вмешан во голем број случаи за издавање Македонски државјанства. Таков е и случајот Онишченко. Документот – позитивната оценка од АНБ за давање на Македонско државјанство на рускиот олигарх и шпион Александар Онишченко кој е објавен на социјалните медиуми е доказ за нашите тврдења дека сегашниот директор на АНБ Зарко Милошевски е една од причините поради која истиот добил Македонско државјанство“ вели Ковачки. 

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека на барањето од МВР во април 2021, кога на чело на Владата беше Зоран Заев, Агенцијата за национална безбедност одговара една година подоцна велејќи дека за лицето Александар Онишченко не постојат пречки од безбедносен карактер кои би спречиле издавање на Македонско државјанство. Позитивното мислење од АНБ обвинува опозицијата е дадено три месеци откако Ковачевски доаѓа на чело на Владата, и од тука се гледа дека документот во крајна инстанца е одобрен од страна на сегашниот директор на Агенцијата, Зарко Милошевски.

  • Зарко Милошевски го одобрил документот и ги верифицирал и легитимирал проверките, кои сега гледаме дека не биле направени, а Виктор Димовски како тогашен директор само се потпишал на веќе изготвениот документ. Зарко Милошевски е директно одговорен за безбедносниот пропуст направен од АНБ за случајот Онишченко, и во ниту еден случај не смеел да биде поставен за директор на Агенцијата, особено не додека случајот се уште не е расчистен. Ковачевски повторно излезе цвикатор и не дозволи завршување на работата на собраниската комисија, туку брзаше да назначи нов директор и видете апсурд – сега треба да ја продолжи истрагата и би требало да се истражува самиот себе додека бил помошник директор? “ прашува Ковачки.

Опозицијата наметнува бројни прашања, дали Милошевски е поставен за директор откако 7 години го печел занаетот и бил вмешан во давањето  на најголеми број македонски државјанства врз основа на економски интерес. Зарко Милошевски дојде на чело на Агенцијата за национална безбедност откако неговиот претходник, Виктор Димовски ја напушти функцијата затоа што треба да замине на амбасодорската позиција во Париз. Борбата за директорското столче во АНБ беше јавна тајна а според шпекулациите се водеше помеѓу четири клана во СДСМ, еден на Ковечвски, друг на Заев, трет на Спасовски и четвртиот –  победнички на Миле Зечевиќ.

Викторија Миткова

Advertisements