НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вмро-Дпмне на средба со претставници од политичкиот систем во САД, како дел од програмата на американскиот совет за млади политички лидери

Денеска во официјална посета на ВМРО- ДПМНЕ  беа претставници од политичкиот систем во САД, како дел од програмата на американскиот совет за млади политички лидери, подржана од амбасадата на САД во Македонија.

Потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева, претседателот на УМС Сергеј Попов ,и членот на ИК на УМС Дамјан Коњановски ,разговараа со делегацијата за политичкиот систем во македонија, за предизвиците со кои се соочуваме како држава, и за развојот и учеството на младите во креирањето на политиките.  Преставниците на вмро-дпмне изразија благодарност за долгогодишната соработка која македонија ја има со сад и дадоа уверување дека истата во иднина ќе се продлабочува.