ВМРО-ДПМНЕ: Муслиу спроведува политичка елиминација на оперативен кадар на Агенцијата за разузнавање

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ ги уништува службите и ја загрозува безбедноста на државата. Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, охрабрен од неговиот шеф Пендаровски, второто лице на Зоран Заев спроведува политичка елиминација на целокупниот оперативен кадар на Агенцијата, рече на прес конференција портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

-Според сознанија со кои располагаме, на местото за негов помошник назначил лице кое досега било ангажирано како проектен истражувач на НВО „Нексус“. Еве едно прашање до Пендаровски, дали претседател на оваа НВО е токму сопругата на Муслиу и дали „Нексус“ се наоѓа на домашна адреса на Муслиу, а формирана е само пред две години? Оттогаш речиси непрестано води проектни активности со градоначалници на СДСМ, работи на промоција на Пендаровски и учествува во работата на Комисијата за борба против тероризмот, прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова е класичен судир на и ја повикуваат Антикорупциската комисија да го провери овој случај .