});

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија тоне на секое поле, а членството во ЕУ и НАТО е се по далечно

Неспособноста на владата на Заев и СДСМ не може ниту еден капитулантски чин да ја сокрие, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Не може од народот СДСМ да го сокрие фактот дека ја зароби Република Македонија. Зоран Заев државата ја врати 20 години назад, во мрачните времиња на транзиција.

Заев и СДСМ се причината за крах на целата држава. Македонија тоне на секое поле, а членството во ЕУ и НАТО е се по далечно.

За најважното прашање од кое зависи македонскиот идентитет, историја, традиција и култура, не беше консултирана опозицијата. СДСМ ја погреба демократијата во Македонија.

Единствените кои ја попречуваат европската иднина на граѓаните се Зоран Заев и СДСМ.

Досегашното нивно владеење не донесе ништо освен корупција, криминал, неспособност и партизација на институциите и судството.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека колку порано падне оваа капитуланска власт толку подобро за граѓаните на Република Македонија.