ВМРО-ДПМНЕ: Македонија доби влада за продолжување на криминалот, корупцијата и агонијата
Македонија доби влада за продолжување на криминалот, корупцијата и агонијата. Македонија доби влада која зад себе до сега остави скоро 3 милијарди евра нов долг, пропадната банка, најголемата рекетарска афера во модерна Европа, 40.000 нови невработени и на сето тоа уште еднаш доби аболиран премиер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Зоран Заев потрошил 3 години од животот на граѓаните, и сака да потроши уште толку. На Заев не му е грижа за народот, на Заев му е грижа за профитот.
-Илјадници секојдневно се соочуваат со немаштија, додека владата ги троши нивните пари на тендери, кои се напумпани и преку кои фамилијата на власт го празни буџетот. Додека државата е во криза струмичка агенција за обезбедување испумпува пари преку универзалниот снабдувач на електрична енергија, а други струмички фирми блиски до Заеви извлекоа 20 милиони евра од пропадната банка Еуростандард, кои го причинија нејзиниот пад и заглавија илјадници граѓани во сред пандемија по шалтери и без пари. Македонија доби профитерска влада, со топ шоп премиер, кој единствено се грижи за својот личен профит. Македонија со Заев се вивна на листата на земји со висока стапка корупција на сите светски мерења како на Економист и Транспаренси. А во исто време падна на листата на Дуинг бизнис, затоа што наместо помош за бизнисот, Заев се пушти во негово уништување, преку рекетот кој подолг период се одидвивал во државата, од кој парите, како што рече лицето кое ја носеше торбата со изрекетираните милиони завршиле кај него лично, стои во соопштението.
Премиер и Влада кои не доведоа до ова дереџе како држава, не можат да не извлечат од хаосот, криминалот и корупцијата, затоа што тие се причината.