ВМРО ДПМНЕ: Земјоделието тоне, откупот и продажбата на земјоделските производи намалена за 4,4 %

Земјоделието тоне, откупот и продажбата на земјоделските производи е намалена за 4,4 отсто, велат од ВМРО ДПМНЕ и додаваат дека додека откупот и продажбата се намалуваат, трошоците за производство се зголемуваат и земјоделците немаат никаков бенефит.
„Според податоците на ДЗ за статистика во второто тромесечје од 2018 година, откупот и продажбата на земјоделските производи се намалени за 4,4% во однос на истиот период од предходната година. Намалувањето на откупот и продажбата е забележано кај житата (пченица,пченка,ориз), градинарските растенија, фуражните растенија, риба, млечните производи. согласно информациите кои стигаат од терен потврдуваат дека третото тромесечје ќе биде со уште полоши резултати“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија во своето соопштение посочуваат, во јули 2018 во однос на истиот период од предходната година, трошоците за производтсво на земјоделски производи се зголемени за 9 отсто, што значи имаме повисоки трошоци за 4,4 отсто.