ВМРО-ДПМНЕ: Заев најави криза од есен, поради неговата неспособност следи тежок период за граѓаните и економијата

Зоран Заев и СДСМ ги изманипулираа граѓаните пред избори. Во јуни Заев вети 36.000 денари плата, сега од собрание ретерира и вели 34.000 денари, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните нема да добијат ниту 36.000, ниту 34.000 денари плати, исто како што не добија 30.000 денари плата, која Заев ја ветуваше уште во 2016 година. Заев вчера и призна дека нема план како да ја води државата. Заев и СДСМ не ги ни спомнаа земјоделците, пензионерите и многу други категории на граѓани кои ги лажеа пред избори. Заев вчера најави крах. Заев најави криза од есен. 6 – 8 месеци тежок период за граѓаните и економијата. Тоа е се заради неговата неспособност. СДСМ не беше во можност да се справи со првиот бран на коронавирусот и позајми над 1 милијарда евра, за кои никој не знае каде завршија. А сега прогнозира уште потешка криза и тоа која ќе трае подолго од првата. Кига за првата потриши 1 милијарда, колку ќе потроши за втората?! И кои ќе бидат последиците врз економијата?!, прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Заев само не тоне како држава. Хаосот ќе продолжи, исто како и криминалот, корупцијата, рекетот и сиромаштијата.

Поврзани вести