ВМРО ДПМНЕ: Директорот на протокол на МНР не е разрешен, туку унапреден во амбасадор во Москва

Оставката од шефот на протокол во МНР била лажна информација, тврдат од ВМРО – ДПМНЕ.  Според опозицијата, наместо оставка поради скандалот кога беше згрешено знамето при посетата на словенечката министерка во Скопје, првиот човек на протоколот ќе станел амбасадор во Москва.

Вистината е дека директорот  добил датум и е унапреден за амбасадор во Москва. Неспособноста е длабоко вкоренета во институциите. Како човек кој не разликува знаме, може да преставува држава? – велат од ВМРО – ДПМНЕ

И според Македонскиот дипломатски синдикат оставката била лага, зашто не постоело нешто како оставка од државен службеник. Според Синдикатот, фунцијата Амбасадор во Москва ќе ја преземе за една недела , а дури биле купени и картите пред да се случи скандалот. Од Синдикатот побара оставка од првиот човек на МНР.

ТЕЛОП МАКЕДОНСКИ ДИПЛОМАТСКИ СИНДИКАТ

Каква е таа оставка од државен службеник? Такво нешто не постои. Дали измислил некаков механизам за депонирање оставки на државни службеници? . Малку ли беше срамот со ТВ презентерки и деца на јавни лица на високи дипломатски и конзуларни позиции во странство? – прашуваат од Македонскиот дипломатски синдикат

Ваквите тврдења ги демантираше шефот на македонската дипломатија. Бујар Османи. Тој тврди дека информацијата за тоа дека не е поднесена оставка е лажна вест, и оти станувало збор за еден човек од синдикатот, а не за став на цел синдикат.  Шефот на протокол побарал да биде разрешен по скандалот поради морални причини , а пак за Амбасадор во Москва бил назначен пред да почне војната во Украина, а потоа во меѓувреме бил назначен за шеф на протокол.  Кога ќе испратиме амбасадор во Москва, се уште не било одлучено.

Дури и формулацијата му беше дека дава оставка поради морална одговорност и јас ја прифатив, бидејќи сметав дека треба да се даде порака тоа никогаш повторно да не се случи, изјави Османи, додавајќи дека овој инцидент е сосема одделено прашање од тоа за неговото „амбасадорско позиционирање во Москва“, вели Османи

Инаку, словенечката министерка беше во официјална посета во Скопје пред две недели. Откако ја пречекавме со грешно знаме, МНР се извина преку соопштение и кажаа дека Министерката Фајон имала разбирање за грешките, а и не е дека прв пат грешиме  . Заменикот министер за надворешни работи испрати благодарност до Холандија со знаме од Јемен , француски амбасадор во Охрид беше пречекан со холандско знаме, а имавме и случаи кога грешно се поставуваа знамињата.   Во вила Водно, знамето на Црна Гора висеше наопаку, а во Министерството за правда, пак чешкото знаме беше наопаку.

Кристина Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести