„ВМРО-ДПМНЕ го има тој силен механизам на внатрешно прочистување – што не е карактеристика на СДСМ“

На состаноци на највисоките партиски органи прецизно дефиниравме кои пратеници гласале исто така кои од партијата ВМРО-ДПМНЕ за жал учествувал во целиот тој проект, односно кој од партијата ВМРО-ДПМНЕ учествувал во коалиција со СДСМ и со Заев во убедување но и притисок, уцени и закани врз пратениците со цел да стигнат до посакуваната бројка. И затоа стигна предлогот до општинскиот комитет за исклучување на господинот Мијалков како и предлогот до општинскиот комитет Карпош за исклучување на господинот Тодоров. Исто така имаше и две разрешувања. Така што по однос на исклучувањата јасна е причината зошто тоа се случи. Има една јасна спрега, појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на емисијата„Отворено“ на Алфа, за исклучувањата на дел од партиските функционери.

Ние 27 години имаме еден исти систем на владеење во Република Македонија каде што луѓе доаѓаат на власт ја злоупотребуваат власта и после тоа прават пактови и договори со следната власт на штета на сопствената политичка партија, на каузата која што ја застапуваат и на државата со цел да си го заштитат она што го стекнале додека ја злоупотребувале власта, потенцира Николоски.

Потпретседателот објасни дека ВМРО-ДПМНЕ реши да го прекине, на сето тоа мораше да се стави точка и како секогаш претходно ВМРО-ДПМНЕ го има тој силен механизам на внатрешно прочистување. ВМРО-ДПМНЕ повторно се прочисти, нешто што никогаш не било на пример карактеристика на СДСМ која што никогаш не собрала храброст не да ги исклучи туку барем да се извини за злоделата на Бранко Црвенковски или на Хари Костов или на една плејада транзициски политичари кои што ја уништија државата.