ВМРО ДПМНЕ во Охрид предупредува од криминал со обештетувањето за земјотресот

ВМРО ДПМНЕ пласирајќи информации обелодени криминал за начинот на кој се делат општинските пари за исплаќање на штети од земјотресите. Постојат, велат, сериозни индиции дека се обештетуваат блиски луѓе на СДСМ. Комисијата од општината доделила поголема сума на пари од штетата која што се случила, за еден ист објект, на повеќе лица од едно семејство кои живеат на истата адреса. Потенцираат дека се работи за близок човек до СДСМ и актуелното раководство во општината.

Гратските советници од ВМРО ДПМНЕ бараат одговори за колкава сума на пари се работи, на кои луѓе се поделени парите и да ја приложат целокупната документација. Прашуваат дали и за кои членови се води дисциплинска постапка и во какви корелации се со владеачката партија?

В.Д. градоначланикот Георгиески формирал дисциплинска комисија на 4 овој месец, а за претседател на истата поставил кадар на ВМРО ДПМНЕ.

Георгиески уверува дека сите лица доколу се утрди дека се огрешиле ќе бидат изведени пред лицето на правдата. До тогаш, од советничката група на ВМРО ДПМНЕ бараат в.д. градоначалникот и претседателката на Совет за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите да го известат Основното јавно обвинителство во Охрид, СВР Охрид и Владата на Р.М.

Росица Голабоска