Морбилите се шират, властите не можат да се договорат околу уписот на првачињата

Збунувачки ставови на владините коалиционери за вакцинацијата на деца со МРП. Во ек на епидемија претставниците на Владата и Министерот Филипче неколку пати потенцираа дека деца нема да се примаат во училишта доколку немаат примено МРП.  Министерот Адеми сега вели дека има загрижени родители, но оти досега немало прваче кое не е примено во училиште. Тој решение за настанатата комплицирана ситуација најави за следните неколку дена.

Претходно портпаролот на Владата информираше дека дечињата кои не ја примиле вакцината против мали сипаници нема да се примаат.

Во меѓувреме малите сипаници непрекинато се шират. Најзагрижувачка е ситиацијата со бебињата што немаат наполнето една година.

Во текот на изминатата недела регистрирани се 110 новозаболени од морбили, на возраст од една до нас 40 години.

Поради компликации од морбили досега починаа 4 деца.

Јована Грчева