Власта убедува дека органичувањата за невакцинираните не важат за сегашната состојба

Предлог – законските измени за забрана на влез на невакцинирани лица во затворени објекти наидоа на револт кај граѓаните дека со вавко законско решение ќе бидат дискриминирани и ќе им се ограничи правото на слобода на движење.

Министерот Беким Сали им порача на граѓаните да не го читале Законот делумно и дека законските измени ќе важат само во случај кога Комисијата за заразни болести ќе препорача дека ситуцијата со пандемијата е критична и има потреба од времена мерка за оограничување на движење. Законот  нема да  се однесува само за вакцинацијата од Ковид – 19 , туку и во случај ако се појави друга епидемија, Министерството за здравство ќе има одврзани раце да одлучува за ограничувањето на движење на невакцинираните и непрележаните граѓани.

Делумно читање на Закон во делот што им одговара. Односно тие го читаат делот се ограничува  се ограничува вчегување  во  и толку , но во кои околности , дали има оправданост не го кажуваат тоа.  Во Законот стои времени мерки, доколку Комисијата одлучи три дена забрана, три дена ќе биде доколку комисијата одлучи недела дена ќе биде недела дена, и нема да биде трајно решение затоа што во банка нема да можат да влезат тие и тие лица затоа што тоа би бил вид на некаква дискриминација, вели Министерот за здравство Беким Сали.

Според предлог измените кои треба да се направат во Законот за заштита на население од заразни болести  во членот 28 се додава нова поттпочка со која се забранува влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест, а во член 29 се додава став „ А“ со кој  се дозволува Министерството да пруменува интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги за обработка на лични податоци , каде ќе биле  применети прописи  за заштита на лични податоци,.

Законот се работи за Ковид 19 и доколку во иднина се појави друга епидемија да бидеме спремни како Закон, како Министерство да имаме основ врз што да донесеме одлука, вели Беким Сали, Министер за здравство.

Предлог измените се по препорака од СЗО.  Законот  е со европско знаменце во Собрание и треба да се изласа по скратена постапка.  

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста