});

Власта тера кампања со државни пари, но на ОБСЕ му продава поинаква приказна

Властите веќе си ја  тераат пропагандата  за референдумот со државни пари, а од друга страна  ги информирале ОБСЕ/ОДИХР дека сите учесници, па дури и Собранието како овластен предлагач, треба приватно да ги финансираат своите пропагандни активности и да не користата државни пари.

Постојаната законска рамка само ограничено ги регулира приходите и трошоците за финансирање на кампањата. Законот за референдум и регулативите на Државната изборна комисија одредуваат кампањата на предлагачот да мора да биде финансирана на негов трошок, велат од ОДИХР.

Од ОДИХР велат дека се властите ги информирале, дека сите актери во референдумската пропаганда нема да имаат пристап до државните фондови.

Властите го информираа ОДИХР дека сите учесници, вклучително и Парламентот, мораат приватно да си ги финансираат кампањите и дека нема да имаат пристап до јавните фондови. Нема експлицитна забрана за користење на државни ресурси за кампања, па учесниците нотираа несигурност во однос на што би се сметало дозволиво, соопштија од ОДИХР.

Според ОДИХР, Властите забележале недостаток на регулатива за тоа како да ги процесираат и ревидираат финансиските извештаи и посочија дека надзорот над финансирањето на кампањите треба дополнително да се разјасни, вклучително и делегирање на одговорностите кон конкретни институции, како и механизми.

Наспроти ова пред само неколку дена портпаролот на Владата истакна дека по наредба на Влада, сите министерства ќе одвојуваат средства за јавна пропаганда за излезност на референдумот, ама уште не знаат колку пари ќе ги чини.

Освен финансирањето, ОБСЕ во извештајот нотира и други дилеми во однос на референдумот. Не сде уверени дека прашањето е целосно коректно нотирано. Во своите забелешки ОБСЕ нотира од можност за вршење притсоок и заплашување гласачи и можност за инволвирање на странски актери кои би го поткопале референдумскиот процес. Вчера телевизија Алфа упати прашање до ОДИХР за мислење за сложеното референдумско прашање кое ќе се најде пред гласачите на 30ти септември, со оглед на тоа дека од организацијата пред само една година остро реагираа за сложеното турско референдумско прашање, но од дирекцијата на ОДИХР во Варшава ни одговорија дека за референдумот како целопкупен процес ќе се изјаснат дури откако тој ќе заврши.

Мери Ѓорѓиевска