Власта спрема нов закон: Законот со кој се забранија „Цар Борис Трети“ и „Ванчо Михајлов“ бил само бајпасирање на ситуацијата

Законот со кој се забрануваат „Цар Борис Трети“ и „Ванчо Михајлов“ бил само за бајпасирање на ситуацијата во моментите кога јавноста вриеше, власта сега си спремала нов закон. Ова го одговори министерот за правда Никола Тупанчески. Сме морале да ја сфатиме состојбата во моментите кога бил изгласан, за да забележиме зошто толку брзо бил донесен.

-Законот беше донесен како бајпас, бајпасирање на состојбите, затоа што сме сведоци што во моментов ни се случува, во однос на тоа дали има европски контекст, министерот не го носи законот, туку го носи законодавниот дом. (ЗНАЧИ БЕШЕ ИЗГЛАСАН САМО ЗА СМИРУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ?) Не за смирување на граѓаните, зборувам за надлежностите, зборувам за надлежностите, секој пратеник имаше можност да поднесе амандман и истовремено да го подобри законското решение, да не заборавиме дека тој закон речиси консензуално беше донесен, изјави Тупанчески.

Се барале нови законски решенија, бидејќи заради моменталниот европски мониторинг, веќе не сме имале право премногу да манифастираме сопствена волја. Затоа новиот закон требало да биде во согласност со европските вредности.

-Вклучувајќи го и германскиот модел, кој што е еден од најрестриктивните за оваа материја. Меѓутоа, дефинитивно работната група е таа која што треба да го каже зборот, се разбира дека ќе бараме и од Венецијанска комисија потврда. Меѓутоа ќе мора да има европски стандард затоа што да не заборавиме во моментов започнат е меѓународниот скрининг, кој што не ни дозволува преголема манифестација на сопствена волја, изјави Тупначески.

Законот во сила влезе пред две недели, министерот не сакаше директно да одговори дали по три месеци ќе мора да бидат променети имињата на клубовите или истите ќе бидат затворени. Не знаеше ниту да одговори кога ќе започне комисијата задолжена за овие клубови да функционира, тоа било работа на Владата.

Матеја Петровски

Advertisements

Поврзани вести