Власта со забрана на ТИК ТОК ќе ги штити младите?

Една третина од учениците во Македонија,  односно 27% не се чувствуваат безбедни и немаат кому да му пријават насилство, покажува истражувањето на УКИМ во кое учествуваат повеќе професори. Велат дека во последниве 10 години застрашувачко е зголемено сајбер насилство, а никој не обрнува внимание на децата. Таа појаснува дека отфрлувањето и етикетирањето на социјалните медиуми, за младите е погубно. Апелира до надлежните, но и до родителите со време да разговараат со децата за да се превенира насилството.

До крајот на неделата сите училишта во Македонија ќе добијат препораки од Министерството за образование како да ги обезбедат училиштата, порача министерот. Според него ќе се анализирала таргет публиката која во Македонија користи „Тик Ток“. Во најава е и забрана за оваа мрежа во училиштата, што е нејасно како воопшто тоа би можело да превенира евентуални девојации во иднина. Апелите на експертите како да не допираат до надлежните, слично како и со дојавите за бомби: додека се случуваа во Србија ние бевме гледачи од страна и не направивме систем за одбрана пред да почнат проблемите кај нас.

Ескпертите коментираат дека просветните работници и учениците не се безбедни, но тоа не значи дека треба да се постави војска или полиција во училиштата. Ниту пак решение е да се забранат социјалните мрежи, вели за Алфа, наставникот Гоце Бумбароски. Единствена добра опција според наставниците е да се инвестира во менталното здравје на младите, но и возрасните.

Крвавите настани во соседна Србија ја отворија пандорината кутија со психолошките состојби на основците и средношколците како и општествената посветеност за воспитно образовниот систем во Македонија. Во меѓувреме, ниту од министерството за внатрешни работи нема план или проект за превентивно делување.

https://www.youtube.com/watch?v=03jqUTABDdA

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста