Власта си турка амнестија за своите криминали: Менување кривичен законик за спас од одговорност и казни

СДСМ и ДУИ се спремаат за заминување од власт и си подготвуваат амнестија за спас од криминалите кои ги сториле минативе години. Според опозицијата ова е  намерата на власта со измените на кривичниот законик кои во собранието експресно се туркаат со европско знаменце.

-Вакво амнестирање, односно вакво посипување на пепел на отворена сцена на една политичка коалиција до сега било незабележливо. Сосема е јасно почитувана заменик министерка зошто го образложувате овој закон, оваа амнестија која што вие сакате да ја воведете за сите оние деликти сторени во претходните шест години едноставно нема да ви помине, изјави пратеникот Бојан Стојановски.

Власта пак уверува дека измените на законот значеле европеизација.

-Предложените решенија, намалување на предвидените казни во член 353, како и бришењето на некои ставови се движи во таа насока, да бидат на линија на неговиот концепт, во кој што се има направено стандардизација на критериумите за одмерување на казните. Се додава ново дело, злоупотреба при јавните набавки, изјави заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ.

-Ова мене ми личи на преудицирана амнестија за потенцијалните сторители, можеби нивните имиња и презимиња не ги знаеме, меѓутоа областите каде што се случуваат овие кривични дела, институциите фондовите итн. секој ден ги слушаме, иако веќе не можеме да ги запомнеме колешке, се срамам што сум правничка, изјави Силјановска Давкова.

Според пратеникот Антонио Милошоски ова би можело да значи амнестирање и на виновните за скандалот на Онкологија.

-Доколку поминат ваквите измени на кривичниот законик, тие кои што цела јавност очекува да одговараат од Онкологија за досега најморбидниот профит и злоупотреба на службена положба и за несовесно работење во службата ќе бидат пардонирани или ќе се соочат со помали санкции од тоа што го заслужуваат, изјави Милошоски.

-Навистина непримерно е да се прави споредба и да се вели дека тие се во насока на евентуално амнестирање на евентуална одговорност за она што се случува, односно се случувало на Онкологија, изјави Калевска Ванчева.

Целта на донесувањето на овој закон, како што се наведува во Предлогот, е усогласување на Кривичниот законик со меѓународните документи.

Матеја Петровски

Advertisements

Поврзани вести