НАЈНОВИ ВЕСТИ

Власта се подготвува за силеџиски методи: Дали на повидок се нови уцени за гласање на уставните измени?!

Владата повторно со силеџиски методи, слични на оние за промената на Уставот ќе се обиде да ги протурка уставните измени под бугарски диктат. Според познавачите најавата на првиот вицепремиер Артан Груби, дека кон крајот на јули внесувањето на Бугарите во Уставот под моменталните услови влегува во Собранието, значи дека Владата со сите можни оружја ќе се обиде да издејстува промена на највисокиот правен акти.

Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски е на ставот дека ВМРО-ДПМНЕ мора да остане доследна и да не прифати уставни измени под сегашните услови, но и сигурен е дека Владата повторно ќе се обиде да придобие пратеници, како што беше случајот со оние осум народни избраници за Преспанскиот договор.

-Се оди силеџиски на уставните измени, се оди силеџиски како што се одеше за Преспанскиот договор, кога се прекшри волјата на граѓаните, изборната волја. Јас сум сигурен и јас сум убеден дека тече некоја црна, подземна, сива битка кон пратениците од опозицијата, изјави Боцевски.

Од опозицијата се цврсти на ставот дека уставни измени под вакви услови не може да има. Според пратеникот Бојан Стојаноски, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ го гарантираат нашиот идентитет, јазик и историја, а истовремено ја забрзуваат интеграцијата во Европската Унија.

-Со одложено дејство на уставните измени, т.е. со нивно влегување во сила кога ќе станеме членка на Европската Унија и се зема алатката за уцени на Бугарија од раце. Со одложената примена на уставните измени, Бугарија од потенцијален кочничар на Македонија ќе стане активен чинител за забрзување на нашата интеграција. Во таква ситауција на одложено дејство на уставните измени, секое дополнително кочење на Македонија од страна на Бугарија ќе ризикува за нив никогаш да не се ефектуираат уставните измени, изјави Стојаноски.

СДСМ ја повика опозицијата да се приклучела во работната измени која ќе го продолжи дијалогот за уставните измени. Ковачевски пак не сака да ги прифати барањата на ВМРО-ДПМНЕ и вели дека тие требале да се приклучат во нивниот процес.

-Сега останува на ВМРО-ДПМНЕ, да се приклучи кон процесот, да остане во процесот, бидејќи демантирањето или излегувањето на рамката од тоа што беше договорено и искажано на прес конференцијата сметам дека би претставувало големо разочаерување како за граѓаните тука, така и за меѓународната заедница, изјави Ковачевски

Боцевски вели дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е гаранција за заштита на македонскиот идентиет.

-ВМРО-ДПМНЕ се обидува да направи своевидна квадратура на кругот, односно да се овозможи Македонија да се придвижи кон европската интеграција, а притоа да се сочуваат идентитетските одредници и македонсите национални интереси, граѓански интереси да дојдат до израз, изјави Боцевски.

Според законските рокови, крајот на јули или почетокот на август е последниот рок кога Собранието би морало да изласа потреба за уставни измени, за што е потребно двотретинско мнозинство. Груби најави дека ДУИ биле спремни и да се жртвуваат за уставните измени. Од Беса пак велат дека не планираат да влезат во евентуална широка Влада, бидејќи во власта ќе биле по следните парламентарни избори, каде велат ќе биле победник во албанскиот политички блок.

Матеја Петровски