Власта се пишмани за забраната на бугарските клубови со фашистички имиња

На Бугарија најверојатно ќе и успее да го смени законот за здруженија со кои Mакедонија забранува нивните клубови да носат имиња на фашистички соработници. Нефоцијално, планот на Софија е тоа да го направи за време на скрининг процесот, кога ќе се утврдува кој закон е во согласнотс или е спротивен на европската регулатива. Потврда за ваквата можност стигна и од македонскатра Влада која откако вчера прво најави дека ќе го праќа во Венецијанската комисија, денеска срамежливо призна дека сите закони, вклучувајќи го и овој може да претрпат измени додека трае скринингот.

Со оглед на тоа дека Бугарија го има правото на вето , додека ЕУ ги чешла македонските закони, источниот сосед веројатно директно ќе влијае врз усогласувањата кои ќе треба да се направат, судејќи по вчерашните пораки од Софија дека  не им се допаѓа Законот за здруженија.  Ова среде Софија на шефот на македонската дипломатија му го порача и Бојко Борисов , а пак македонскиот министер за надворешни работи за  да му угоди порача дека Законот ќе оди на Венецијанска комисија.

Шефот на македонската дипломатија освен што само ги слушаше сите критики кои му беа дадени среде Софија од Борисов, не кажа ни буква за тоа што не повредува нас како нација. Покрај  законот за здруженија и фондации, Борисов упати критики и за свиркањето на бугарската химна, видно загрижен зошто тоа се случило и што толку ни згрешиле како соседи.

Премиерот, освен најавата за промена на законите за време на скринингот, дополнително истакна дека ни требало нов Закон за здруженија на граѓани и Министерството за правда веќе работело на изготвување на комплетен закон бидејќи актуелниот алудирал само на тоа дека треба да се внимава на чувствата на нашите граѓани што се однесуваат на користење на имиња од периодот на Втората светска војна при организирање какви било клубови или трговски друштва и требало да сме го следеле германскиот модел на закони.

Инаку, според новиот закон за здруженија се забранува клубови да се именуваат по спорни историски личности, а оние кои веќе се именувани, односно „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, имаат рок од три месеци да се преименуваат и да го прилагодат својот статут со новиот закон или повеќе нема да постојат.

Кристина Алексиеска

Advertisements