Власта се „пере“ со лажни вести: Не ја земале Алфа во Рим поради рејтингот, а во Рим се земени телевизии со помала гледаност

Не не заборавоиле. Така одлучиле зашто наводно не сме биле гледани. Владата конечно одговори зошто ја изостави Алфа од списокот поканети медиуми во Рим, но во обид да се извади продуцира лажни вести.

-За медиумско следење на активностите за време на посетата на делегацијата предводена од премиерот Димитар Ковачевски на Рим и Ватикан, беа поканети државната агенција МИА и Јавниот рафиодифузен сервис НРТВ,  како и телевизиите со национална концесија. Заради ограничениот буџет, втор критериум беше рејтингот на телевизиите според последниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одговорија од Владата.

Бројките ја демантираат Владата. Во официјалниот извештај од АВМУ на кој се повикуваат тие, Алфа не е последна на рејтинг листата на националните телевизии, а меѓу поканетите има медиуми со помалку гледачи.


Од друга страна, официјалното мерење на независната американска агенција Нилсен покажува дека Алфа е третата најгледана телевизија во Македонија со континуиран раст на рејтингот.

Ако Владата лаже, архивските снимки не лажат. Причината зошто не бевме поканети веројатно е тоа што Алфа е трн во окото на власта од првиот ден.

-Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто. Јас сум слободољубец, јас сум човек кој верува во вредности, но и сум човек кој го слуша народот, веројатно има причина што вака реагираат. Не знам зошто, проверете зошто. Еве луѓето викаат не, јас не ја прифаќам поканата, изјави Заев.

Заев не беше единствен кој директно ја напаѓаше Алфа. Тоа токму пред камерата на нашата телевизија го стори и неговата долгогодишна партиска заменичка Радмила Шекеринска.

Јас и со вас разговарам, би сакала да разговарам и со сопственикот на вашата телевизија, ама не го знам кој е. Тоа е разликата меѓу тогаш и сега, ни порача Шекеринска.

Односот кон Алфа беше и дел од извештајот на Стејт Департментот, кој ги нотираше притисоците кон нашиот медиум. Беа нотирани истрагите и редовните посети на УЈП, МВР и финансовата полиција, кои сепак не успеаја да најдат ништо незаконско во нашата работа.

И додека Владата си ги кани медиумите според симпатии или подобност, министерот за надворешни работи застана на наша страна – вели дека не смее да се прават вакви поделби.

-(ДАЛИ СМЕЕ ДА ИМА ПРИВИЛЕГИРАНИ И НЕПРИВИЛЕГИРАНИ МЕДИУМИ?) Не, сигурно не, пренципиелно не за оваа ситуација не ги знам деталите, изјави Османи.

Владата не е единствена која заборави на Алфа за патување во Рим. Пред точно една година и посетата македонскиот претседател на италијанската престолнина мина без покана за нас. Од неговиот кабинет подоцна се извинија, станувало збор за логистички и технички пропуст.