Власта се одмаздува за бегството на Груевски?

Ниту судиите ниту адвокатите на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски не знаеле дека тие од синоќа по барање на специјалното обвинителство се во притвор во истражниот затвор Шутка. Двајцата обвинети во случајот на СЈО „Титаник“ денеска да не присуствуваат на судското рочиште бидејќи судечкиот судија не бил известен за притворот, па не испратил барање до затворот за спровод на притворениците.     

Адвокатот на поранешниот министер за транспорт и врски објаснува дека одредениот притвор е нелогичен бидејќи Јанакиевски се јавувал на сите рочишта, а досега можел да избега, доколку тоа го сакал, во безброј наврати. Нема сомневање дека одлуката за притвор е донесена под притисок на власта.

Самиот Јанакиевски уште вчера во изјава за медиумите истакна дека нема намера да бега од Македонија и дека редовно се јавувал на сите судења. Инаку на денешното рочиште, не присуствуваше ниту екс премиерот Никола Груевски, кој вчера објави дека побарал политички азил во Унгарија. Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова побара на Груевски да му се суди во отсуство, што беше спорно за одбраната. Судот донесе одлука до 23-ти ноември да ја проверува достапноста на Груевски и потоа ќе донесе одлука дали ќе му суди во отсуство.

Драган Милосављевиќ