Власта свечено ќе пушта автопат по кој се вози повеќе од еден месец

Владата, денеска, свечено ќе го пушти во употреба автопатот Миладиновци – Штип, кој веќе еден месец е во употреба. Осмислен, и речиси целосно изведен од претходната власт, на актуелната, ќе и остане сечењето на црвена лента.

Во автопатската делница, долга 47 километри се вложени 177 милиони евра. Автопатот е широк 27,4 метри, има четири ленти од 3,75 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри. Проектираната брзина е 130 километри на час. По должината на автопатот има седум клучки.

Летово, според најавите, ќе се градат планираните две патарини на автопатот, кај Кадрифаково и кај Свети Николе. Долж автопатот е поставена челична одбојна ограда, мрежа за заштита од животни, оптички кабел, звучни бариери, службени премини.