Власта сака да ја престави ВМРО-ДПМНЕ како антиевропска, но вистината е дека таа нема европско однесување
Владата преку лоши и скапо платени екпсерти се обидува да ја престави ВМРО-ДПМНЕ како антиевропска, а всушност таа е таа што нема никакво европско однесување, вели Александар Николовски, потпретседател на најголемата опозициска партија.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе за еу од оваа влада од која не се гледа ниедно европско однесување особено во делот на криминалот и корупцијата каде нема ден без афера.
- „Проблем на државата е што тој наратив се форсира во јавноста, па сега владата била за ЕУ, а ние сме биле против ЕУ, тие биле напредни, а ние сме биле назадни, тие прозападни, ние антизападни, а во суштина сите знаат дека не е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе за еу од владата затоа што не гледам ниедно европско однесување оваа Влада, особено во делот на криминал и корупција нема ден да нема афера, нема ден да нема проблем“, потенцираше Николоски.
Зборувајќи за излезот од оваа ситуација во која владата ја втурна Македонија, Николоски рече дека е потребна силна битка против криминалот и корупцијата и економски просперитет.