Власта призна дека и се брза да го смени Уставот, иницијативата ќе стигне веднаш по летните одмори

На владата и се брза да го започне процесот на уставни измени за да ги вметне Бугарите во Уставот, откако ќе ги завршат летните одмори сама ќе иницира отворање на највисокиот правен акт. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека ако уставните измени со кои го сменија името се завршија за четири месеци, сега постапката би требало да биде и побрза, оти како што вели сега било полесно, требало само да се вметнат Бугарите во Уставот.

„Уставните измени за Преспанскиот договор траеја повеќе од четири месеци. Ние се уште немаме утврден календар за уставни измени, но тоа е обврска која треба да ја завршиме најдоцна до крајот на скринингот. Внимателно ќе ги разгледаме околностите, атмосферата, дијалогот во Собранието. Целта е да завршат успешно…. Секако ќе биде по летните одмори. Тогаш ќе можеме да говориме за точен календар. Важно ни е да одиме ниту пребрзо но ниту преспоро. Најважно е исходот да биде позитивен“, изјави Маричиќ.

За разлика од Албанија кој го почна процесот на преговори, Македонија само е во ваза на подготовки, нешто што го правеше и  изминатите години. Според владата тоа не било ништо страшно, оти најбитно било заедно да ги одржиме меѓувладините седници…

Според временската рамка за скринингот, ЕУ очекува најдоцна за 16 месеци Македонија да ги заврши сите обврски за уставните измени. Треба да се почне до септември , а да се заврши се до ноември следната година, дотогаш Македонија само технички ќе се подготвува за почнување на преговорите.

Ивана Соколовиќ Најдова