Власта предложи укинување на студентски оброк за голем број студенти па експресно се предомисли

По притисок од јавноста и бурните реакции од студентите, Предлогот за измените на законот за студентски оброк се повлекува, информира едeн од 10-те пратеници на власта кои ги поднесоа измените. Прввично поднесените предлог измени на Законот за субвенциониран студенски оброк, предвидуваа студентите кои добиваат стипендија,  оние чии родители имаат месечен приход над 18.000 денари како и апсолвентите да немаат право на студенски оброк, што го побива и првичното мото на Законот : „Здрав оброк за секој студент“

Откако студентските собранија од  универзитетите Скопје Битола и Штип  јасно и гласно кажаа дека ваквиот предлог не смее да биде прифатен затоа што на овој начин ќе се дискриминираат студентите, предлагачите  сега ги повикаа на средба заедно со Министерот за образование и наука за да се направеле усогласувања во одност на измените.

Од Универзитетското студенско собрание при УКИМ ќе присуствуваат на средбата и најавија дека нема да отстапат од нивните барања :

Сите кои се корисници на стипендии да продолжат да бидат корисници на студенскиот оброк.

Сите кои се апсолвенти да продолжат да бидат корисници на студенски оброк.

Корисници на студенски оброк да бидат оние кои во потесното семејство немаат повисоки примања од две просечни плати.

На средбата ќе присуствуваат и од Универзитетското собрание УКЛО Битола, од каде се на ставот дека не го поддржуваат новиот предлог и дека такво предложено решение ќе доведе до дискриминација на студентите која била направена и минатата година со нееднакво покачување на стипендиите.

Се надеваме дека на средбата во понеделник, ќе најдеме соодветно и прифатливо решение за сечија страна, со што ќе се стремиме кон градење академско општество каде секој студент ќе биде мотивиран да придонесува со сите свои вештини и компетенции кои ги поседува, велат од УСС Укло Битола

  Позади предлогот стојат 10 пратеници од СДСМ и ЛДП, реагираше само нивнот колега, пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој смета дека ваквиот предлог сериозно ќе го загрози стандардот на илјадници студенти

Инаку, според актуелниот Закон, кој беше донесен во февруари 2020 , право на субвенциониран студенски оброк имаат редовните студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети кои се државјани на Република Македонија.

Кристина Алексиеска

Advertisements