Власта освен во Преамбулата на Уставот, сака да ги внесе Бугарите и во парламентот
Уставните измени нема Бугарите да ги внесат само во Уставот, туку и во Собранието. Евентуалното впишување на бугарскиот народ во Преамбулата и во двата члена од Уставот, ќе ја отворат вратата и на законодавниот дом. Еден бугарски пратеник ќе треба да биде дел од Комитетот за односи меѓу заедниците, според предложените измени на највисокиот правен акт. Според предлог измениата на Амандманот XII од Уставот кој се однесува за Комитетот, досегашните 19 члена се зголемуваат на 43 и тоа по 16 од редот на Македонци, исто толку и Албанци, по еден член од Турци, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците, но и нововпишаните Бугарите, Хрватите, Црногорците, Словенците, Евреите и Египќаните.
На ова прв со реакција се јави претеникот од редот на Партијата на Турците, Енес Имбрахим. За него ваквата измена е неуставна и не е правилна застапеноста на другите етнички заедници.
- Предлог измена и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија односно Амандманот XII што се однесува на Комитетот за односи меѓу заедниците е НЕУСТАВЕН. Впрочем со новиот предлог бројот на членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 при што по 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци, а по еден член ќе имаат сите други заедници. Со овој предлог не се почитува правичната и соодвената застапеност која е загарантирано со Уставот, пишува Ибрахим, пратеник.
Инаку, застапеноста во Комитетот за односи меѓу заедниците е спорна за јавноста бидејќи и македонските и албанските пратеници се со едентичен број. Актуелниот амандман од Уставот гласи:
ТЕЛОП АМАНДМАН XII ОД УСТАВОТ :
Во Комитетот седум члена се од редот на пратениците Македонци, седум члена од редот на пратениците Албанци, еден член од редот на пратениците Турци, еден член од редот на пратениците Власи, еден член од редот на пратениците Роми, еден член од редот на пратениците Срби и еден член од редот на пратениците Бошњаци.
Но не само во Собранието и во Комитетот за односи меѓу заедниците, за бугарското малцинство ќе мора да биде правично застапено и при државните вработувања, да има образование на бугарски јазик, како и медиуми на бугарски јазик.
Викторија Миткова